Нашите вработени

Како компанија се придржуваме до принципите на добро корпоративно управување и имаме воспоставено политики за поддршка на оваа заложба

Процесот на управување е едноставно збир на правила и процедури преку кои DS Smith се води и контролира. Се применува низ целата организација. Секој локален бизнис мора да има воспоставени правила и процедури кои обезбедуваат целосна усогласеност со:

  • Локалните закони
  • Меѓународни прописи
  • Политики на ниво на групација и дивизија
  • Насоки за управување

Со тоа се осигурува дека одлуките се носат во вистинско време и на правилно ниво на деловното работење по разгледување на сите релевантни фактори - почнувајќи од комерцијална вредност до ризик за репутација.

Управен одбор

Одборот, кој се состанува формално седумпати секоја година, се состои од извршни и неизвршни директори. Тие  колективно се одговорни за надгледување и насочување на операциите на DS Smith, додека го следат работењето на менаџментот во име на акционерите. Одборот ја делигираше стратегијата за развој на главниот извршен директор на групацијата  и секојдневното оперативно управување со бизнисот.