Како можете да се префрлите на циркуларна економија?

Циркуларната економија е нов начин на дизајнирање, правење и создавање вредност што им користи на бизнисот, општеството и животната средина. Сегашниот начин на земање ресурси од земја за производство на производи, само за повторно да се фрлат повеќе не е опција. Но, ако направиме транзиција кон циркуларна економија, сè уште е можно да се забави глобалното затоплување и да се создаде поодржлив свет за сега и за идните генерации.

Зошто е тоа важно

Светот се менува. Луѓето стануваат посвесни за нивното влијание врз животната средина, што последователно има големо влијание врз одлуките за купување на потрошувачите. Организациите сега повеќе од кога било  мора да ги приспособат своите деловни модели, со цел да ги интегрираат циркуларните принципи низ целиот нивен синџир на снабдување.  Со овие принципи, бизнисите можат да ја извлечат максималната вредност од производите додека се во употреба, а потоа да ги обноват и регенерираат производите и материјалите на крајот од секој животен век на истите.

Што можете да направите во рамките на вашиот бизнис

Циркуларната економија не носи само еколошки придобивки, таа има и долготрајни финансиски предности. Од намалување на трошоците за производство до освојување и задржување на нови клиенти. Но, светот нема да стане одржлив преку ноќ. Треба да се менуваме чекор по чекор, бизнис по бизнис, генерација по генерација.

Постои широк спектар на иницијативи за циркуларна економија кои организациите можат да ги интегрираат. Откривме дека иако одржливото размислување и соработка се клучни за забрзување на транзицијата, сепак секоја организација треба да најде што најдобро функционира за нивните специфични околности.

CE Business.PNGСепак, за да започнете, еве шест начини,  сп кои можете да ја одиграте својата улога во транзицијата кон циркуларна економија. Некои од нив можеме директно да ви помогнеме да ги постигнете.

  • Чувајте ги производите подолго во употреба: Без разлика дали дизајнирате нови производи или пакување, размислете за издржливоста, рециклирањето и повторната употреба за да ги задржите компонентите и материјалите да циркулираат во економијата. 99% од нашата амбалажа веќе може да се рециклира. До 2023 година направете го тоа 100%.

Како можеме да помогнеме: Минатата година, соработувавме со Фондацијата Ellen Macarthur за да развиеме збир на уникатни Приципи за Циркуларен Дизајн, овие принципи беа создадени за да им помогнат на компаниите и нашите клиенти да дизајнираат пакување за повторна употреба и рециклирање .

  • Дизајнирајте го загадувањето и отпадот: 8 милиони тони пластика влегуваат во нашите океани секоја година, затоа потребата за еколошки свесно пакување, производство и производи во нашето општество никогаш не била толку голема. Време е да го промените размислувањето околу материјалите, да размислите за замена само на биоразградливи или да прегледате кои ресурси во вашиот бизнис можат да се регенерираат за поинаква употреба.

Како можеме да помогнеме: Во DS Smith продолжуваме да ја унапредуваме нашата стратегија за замена на пластика, а исто така продолжуваме да идентификуваме предмети што тешко се рециклираат и да наоѓаме решенија со нови одржливи материјали кои го елиминираат отпадот

  • Регенерирање и обновување на природните системи:  Светот секоја година фрла милиони тони храна што може да ги врати виталните хранливи материи во почвата, за да можеме да ги намалиме штетните хемикалии.

CE Business 2.PNG

Како можеме да помогнеме: Без разлика дали тоа е комерцијално решение за отпадоци од храна, како што создадовме за Tesco, или само корпа за отпадоци од храна во кујната на вашата компанија, овие мали промени ќе направат голема разлика. Можеме да го поддржиме вашиот бизнис нудејќи алтернативни еколошки решенија за пакување кои ќе ја намалат потребата за комерцијален отпад.

  • Намалете ја зависноста од фосилни горива: Еве неколку начини; заменете ги вашите светилки за LED диоди, префрлете се на снабдувач со обновлива енергија или вклучете повеќе електрични возила во возниот парк на вашата компанија . Погледнете што ние направивме
  • Не испраќајте ништо на депонија: Селектирајте го отпадот за да ја намалите контаминацијата,да рециклирате повеќе и да постигнете поголема вредност од вашето рециклирање. Погледнете како можеме да ви помогнеме во тоа, вклучително и за тешко рециклирачки производи како полистирен.
  • Пренесете го понатаму: до 2025 година ќе ги едуцираме 100% од нашите луѓе ширум светот за Циркуларната економија и дури одиме во училиштата со планови за настава. Кажете им на вашите вработени, клиенти и добавувачи зошто Циркуларната економија е толку важна и што правите за да ја поддржите.

Сега е време за промени

Сите наши активности и операции во целина се целосно циркуларни. Ја рециклираме искористената хартија, ја претвораме во амбалажа и потоа ја собираме искористената брановидна амбалажа за да го започнеме циклусот одново. Потребни се 14 дена да хартиените влакна ги поминат сите наши операции.

Ние оптимизираме пакувањето, ја заменуваме проблематичната пластика, ги отстрануваме камионите од патиштата и јаглеродот заедно со нив од синџирите за снабдување.  Ние сме и најголемата компанија за рециклирање во Европа, кој управува со речиси 7 милиони тони хартија секоја година.

Ние работиме со бизниси од сите големини и во сите сектори за да испорачаме циркуларни решенија, од водечки брендови во FMCG сегментот до трговци на мало и од водечки индустриски компании до мали занаетчиски пиварници. Ако веќе не сме ваши соработници, лесно би можеле да работиме со вас.

Патот напред

Секогаш мора да се има на ум главната цел на циркуларната економија, а тоа не е само за успехот на организациите кои соработуваат, туку и на животната средина како целина. Да се стане циркуларна организација ќе обезбеди многу придобивки, не само за животната средина, туку и  општеството и економијата.

На крајот, постои еден заклучок што мора да се запомни: потребата за одржливи деловни практики во голем  обем повеќе не е само потреба, тоа е неопходност за иднината на нашата средина.