Што претставува Циркуларна Економија?

Циркуларната економија е алтернативно решение за сегашната линеарна економија што се заснова на начин на размислување „земи, направи, троши и одстрани“. Тоа е модел кој се заснова на принципите на дизајнирање на отпад и загадување, одржување на производи и материјали во употреба и регенерирање на природните системи.

Ова значи дека со задржување на производите, опремата и инфраструктурата во употреба подолго време, ја подобруваме продуктивноста на овие ресурси. Ова драстично ја намалува нашата побарувачка за ресурси, создавајќи поодржливо општество за сега и за идните генерации.

Во моделот на циркуларната економија, целта е да се надминат разликите помеѓу циклусите на производството и природните екосистеми - од кои на крајот зависат луѓето. Не се работи за тоа да се биде „помалку лош“, туку да се создаде економија која работи во хармонија со нашиот природен свет.

Трите принципи на циркуларната едкономија

Одржување на материјалите и производите во употреба што е можно подолго

Циркуларната економија ги фаворизира активностите кои ја зачувуваат вредноста во форма на енергија, работна сила и материјали. Ова значи дизајнирање за издржливост, повторна употреба, повторно производство и рециклирање за да се задржат производите, компонентите и материјалите во употреба подолго да циркулираат во економијата.

Дизајнирање на отпадот и загадувањето

Циркуларната економија ги открива и дизајнира негативните влијанија на економската активност кои предизвикуваат штета на човековото здравје и природните системи. Ова вклучува ослободување на стакленички гасови и опасни материи, загадување на воздухот, земјиштето и водата, како и структурен отпад како што е сообраќајниот метеж.

Регенерирање и обновување на природните системи

Циркуларната економија ја избегнува употребата на необновливите ресурси и ги зачувува или подобрува обновливите извори, на пример со враќање на вредни хранливи материи во почвата за да се поддржи регенерацијата, или со користење на обновливи извори на енергија за разлика од користењето на фосилните горива.

 

Придобивки од циркуларната економија

Движењето кон поциркуларна економија ќе има низа придобивки за нашата економија, нашата животна средина и за нашите луѓе. Тие вклучуваат:

  • Намалување на притисокот на природните ресурси, 
  • Подобрување на безбедноста на снабдување со суровини
  • Зголемување на конкурентноста.
  • Стимулирање на иновации, 
  • Поттикнување на економски раст.

На потрошувачите ќе им бидат обезбедени и потрајни и иновативни производи кои ќе бидат подобри и ќе им заштедат пари на долг рок.

Како DS Smith го предводи патот кон циркуларноста

Нашиот циркуларен бизнис модел

из целиот свет сме препознаени по нашата иновација и по квалитетот на нашето пакување. Нашите производи можат да ја подобрат ефикасноста на транспортот и складирањето, да ја подобрат презентацијата во маркетите и да ја зголемат продажбата на производи за нашите клиенти - а тоа го правиме со одржлив брановиден картон. Со рециклирање на хартиените влакна во нашиот картон, можеме да спасиме над 360.000 дрвја секоја година од сечење.

Можеме да направиме, користиме, собираме и рециклираме картонска амбалажа во рок од 14 дена. Ние сме амбициозни во користењето на иновациите за да се справиме со некои од најсложените предизвици за одржливост во светот.

Можеме да направиме, користиме, собираме и рециклираме картонска амбалажа во рок од 14 дена.
Можеме да направиме, користиме, собираме и рециклираме картонска амбалажа во рок од 14 дена.

Нашата сегашна и идна стратегија за одржливост 

Нашата сегашна и идна стратегија за одржливост  се фокусира на циркуларната економија, ја предводи нашата амбиција и не позиционира како одржлив лидер во индустријата. Оваа стратегија е дизајнирана да постави јасен патоказ за справување со непосредните предизвици, а истовремено да работи на задоволување на потребите на следната генерација преку создавање решенија кои се усогласени со принципите на циркуларната економија.

Ние сме во предност благодарејќи на нашиот циркуларен деловен модел, но оваа стратегија ни овозможува да идеме чекор понатаму и да се насочимо кон развој на циркуларни решенија за нашите клиенти. Нашите циркуларни решенија подразбираат замена на проблематичната пластика, намалување на емисија на  CO2 гасови и овозможување  на иновативни рециклирачки решенија

Нашето статешко партнерство со фондацијата Ellen MacArthur 

Во мај  2019 година станавме едни од ретките стратешки партнери на фондацијата  Ellen MacArthur . Целта на оваа соработка е за нас и нашите клиенти, да го забрзаме преминот кон циркуларната економија.

Постојат едноставни чекори што можеме да ги правиме секој ден за да помогнеме да се создаде поциркуларна економија. Повторно употребете ја вашата картонска кутија. Земете ја сопствената шолја или кеса за кафе.

Sam Jones
Менаџер за одржливост во DS Smith

Нашата цел и циркуларната економија

Има потреба од нов пристап кон пакувањето. И потреба од силно лидерство во нашата индустрија. Ова е она што не води и зошто имаме заедничка цел на редефинирање на пакувањето за свет што се менува. Знаеме дека циркуларната економија игра витална улога во задоволувањето на потребите на општеството и заштитата на идните генерации, затоа со револуција во нашиот бизнис модел и решенија за пакување, ќе продолжиме во нашата цел да им помогнеме на нашите клиенти да одговорат на променливите навики за купување со одржливв амбалажни решенија кои му се потребни на нашето општество.